Трамп му напиша писмо на Ким Џонг-ун

142

Државниот секретар на САД Мајк Помпео соопшти дека денеска на севернокорејскиот колега му предал писмо од американскиот претседател Доналд Трмп наменето за Ким Џонг-ун..

„Денеска имав можност да разговарам со својот колега од Северна Кореја Ри Јонг Хо. Имавме краток и внимателен разговор. Нашата делегација исто така имаше можност да го предаде одговорот на Трамп на писмото од Ким Џонг-ун”, напиша Помпео на Твитер.

Помпео и Хо се во Сингапур каде учествуваат на Форум на АСЕАН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...