Трамп: Можен е договор за крај на Корејската војна

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е можно за време на неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни во Сингапур, да биде потпишан договор за ставање крај на Корејската војна од почетокот 50-те години на минатиот век.

63

– Тоа би можело да се случи. Би можеле да потпишеме договор, Тоа би било прв чекор, изјави Трамп на заедничка прес-конференција со јапонскиот премиер Шинѕо Абе по нивната средба во Вашингтон.

Трамп нагласи дека би сакал „еден ден“ да дојде до нормализација на односите меѓу САД и Северна Кореја, најавувајќи дека сигурно ќе го покани Ким да го посети Вашингтон, доколку „разговорите во Сингапур минат добро“.

– Верувам дека Ким Џонг-ун е подготвен да стори нешто што ќе биде добро за неговата земја, неговото семејство и за него самиот, додаде Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...