Трамп: Лажните вести мора да престанат, предизвикуваат гнев кај народот

43

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави денеска на Твитер дека медиумите кои шират лажни вести се вистински непријател на американскиот народ.

– Голем е гневот во нашата земја, кој делумно е предизвикан од неточни, па дури и погрешно пренесени вести. Медиумите кои ги шират лажните вести, се вистински непријател на народот, мораат да престанат со отворените и очигледните непријателски ставови и точно и чесно да пренесуваат вести. Со тоа, во добра мерка, ќе го стишаат гневот и лутината и тогаш ќе можеме сите страни да ги собереме во мир и хармонија. Лажните вести мора да престанат – порача Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...