Трамп: Казна за Кина на неопределено време

132
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека казнени мерки наметнати врз царинските давачки на Кина можат да останат на сила подолг период, не прецизирајќи колку точно.

Трамп сака да ја задржи казнената царина за кинеска стока во вредност од околу 250 милијарди долари, наведувајќи дека САД сакаат да бидат сигурни дека ќе биде постигнат договор со Кина. Американскиот претседател истакна дека преговорите со Пекинг се интензивирани и дека сè се одвива непречено.

– Американскиот министер за финансии Стивен Мнучи и преговарачот Роберт Лајтхајзер следниот викенд ќе го посетат Пекинг – изјави Трамп, додавајќи дека наредните недели очекува и постигнување договор.

Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг, чии земји започнаа трговска војна со взаемно воведување на царини, се договорија на 1 декември да го прекинат дополнителното зголемување на царинските давачки на 90 дена, додека траат преговорите за решавање на трговскиот спор.

Рокот истече на 1 март, а Трамп пред тој датум рече дека рокот е продолжен, бидејќи тој позитивно го оценил текот на преговорите.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...