Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Европа со нови такси поради нејзиниот „неправеден“ третман кон производителот на мотоцикли Харли-Дејвидсон.
Тој реагираше на најновите податоци на компанијата за намалување на приходите во првиот квартал од 2019 година.
– Харли Дејвидсон се бореше со таксите од ЕУ и моментно за тоа плаќа 31 отсто. Мораа да го префрлат производството во странство за да се обидат да надополнат дел од загубата од тие такси со кои се погодени и кои ќе се зголемат на 66 отсто во јуни 2021 година. Толку нечесно кон САД. Ќе возвратиме!, напиша Трамп на Твитер.