Трамп и Путин разговараа телефонски еден час на актуелни теми

70
ФОТО: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин денеска  разговара на повеќе теми, соопштија од Белата куќа.

Портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека телефонскиот разговор траел  еден час и двајцата лидери разговарале за нераспространување на нулеарното оружје, денуклеаризација на Северна Кореја, за Венецуела и за извештајот на специјалниот обвинител Робарт Малер за вмешаноста на Русија во американските избори.

– Разговараа и за трговската размена помеѓу двете земји и фактот дека истата е зголемена откако Трамп е претседател, посочи Сандерс.

Телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Путин траеше речиси 1,5 час, истакна Песков, но не наведе детали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...