Трамп и Меј нема да дозволат употреба на хемиско оружје во Сирија

Британската премиерка Тереза Мај претходно информира дека разговарала и со францускиот претседател Емануел Макрон.

141

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарал со британската премиерка Тереза Меј за состојбата во Сирија, по најновиот наводен напад со хемиско оружје, за кој САД и Британија ја обвинија сириската армија.

– Двајцата лидери го осудија суровото непочитување на човечките животи од страна на сирискиот претседател Асад. Претседателот и премиерката се согласија дека нема да дозволат да продолжи употребата на хемиско оружје – соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор.

Трамп ја откажа посетата на Перу за да остане во Вашингтон и да го координира одговорот на САД и сојузничките држави на хемискиот напад во градот Дума во кој беа убиени стотици бунтовници и цивили.

Британската премиерка Тереза Мај претходно информира дека разговарала и со францускиот претседател Емануел Макрон.

На прашањето дали Велика Британија ќе им се приклучи на САД доколку Вашингтон одлучи да преземе понатамошни воени дејствија во Сирија, таа одби директно да одговори на прашањето, но рече дека „смета оти треба да се побара одговор од одговорните“.

Меј рече дека вечерва ќе претседава со состанок на Британскиот совет за национална безбедност.

– Нападот извршен во Дума е варварски. Очигледно е дека итно работиме со нашите сојузници и партнери за да се процени што се случило на терен – рече таа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...