Трамп и Ким Џонг-ун веројатно ќе се сретнат во февруари во Виетнам

89
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Втората средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најверојатно ќе биде кон крајот на следниот месец.

Тоа го изјави Трамп пред новинарите во градината пред Белата куќа, нагласувајќи дека дополнително ќе биде соопштена земјата, во која ќе се оствари средбата.

Историската прва средба меѓу Трамп и Ким се одржа во јуни 2018 година во Сингапур. Виетнам вчера изрази подготвеност да биде домаќин на втората средба меѓу двајцата претседатели.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...