Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од почетокот на минатата година разменија вкупно 12 писма, од кои осум се од Ким, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување.
– Од 2018 година досега, лидерот Ким напишал осум писма до претседателот Трамп, кој, пак, му испратил на Ким четири – изјави министерот за национално обединување Ким Џонг Чул.
Тој рече дека на двајцата лидери им е важно воспоставувањето дијалог, поради што постојано разменуваат писма.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин претходно изјави дека Вашингтон и Пјонгјанг се подготвуваат за трета средба меѓу Трамп и Ким.
ФОТО: EPA / STRINGER