Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната историска средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на својот соговорник му презентирал видео за потенијалната благосостојба и мирен развој на Северна Кореја, доколку земјата се согласи да се откаже од нуклеарните амбиции.
Во видеото, кое потсетува на трејлер за филм, се говори за „двајца мажи, двајца лидери и една судбина“ и во него се прикажани фотографии на воени авиони и топови, додека нараторот на англиски и на корејски јазик наведува дека „новиот свет може денес да започне едно пријателство, почитување и добра волја“.
Ким во филмот е прикажан како централна фигура, која живее во клучен момент од историјата и може да стане „херој на својот народ“.
– Дали ќе ја пружи раката кон мирот и ќе ужива во просперитет каков што никогаш не видел и во блескав живот или во вечна изолација – прашува нараторот во филмот.
– Тоа ние го измисливме. Му го покажав за време на состанокот кога се наближуваше неговиот крај и мислам дека му се допадна – изјави Трамп, кој попладнево од Сингапур отпатува за САД.