Трамп испратил предупредувачко писмо на НАТО – сојузниците

4316

Американскиот претседател Доналд Трамп пратил писмо со предупредување до Белгија и на адреса на уште шест членки на ЕУ, кои се во составот на НАТО за да ги предупреди на нивната обврска за зголемување на воените давачки во пресрет на Самитот на Сојузот, рече белгискиот премиер арлс Чарлс Мишел.

– Не ме импресионира тој вид на допис – коментирал белгискиот премиер во разговор со новинарите за време на европскиот Самит.

– Белгија го запре системскиот пад на своите воени издатоци и учествува во многу воени операции – рекол тој.

Шест други земји на кои им е испратено писмото се Германија , Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург и Холандија.

Слични писма добиле и Норвешка и Канада, навел дипломатски извор.

Доналд Трамп ги повикал своите европски сојузници на почитување на обврската преземена во 2014 година на Самитот на НАТО во Велс, да одвојуваат 2 отсто од БДП до 2024 година.

Американскиот претседател на првиоот Самит на НАТО на кој учествувал во 2017 година во Брисел, го истакна тоа барање, а ќе го повтори и на претстојниот Самит на 11 и 12 јули во Брисел.

Осум од 29 членки на НАТО ќе ја исполнат обврската во 2018 година и тоа САД, Велика Британија, Грција, Полска, Естонија, Литва, Латвија и Романија.

Германија, која Трамп силно ја критикува, има големи тешкотии во исполнувањето на обврската во договорениот рок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...