Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да се сретне со риускиот претседател Владимир Путин на маргите на Самитот Г20 во Јапонија.
Покрај Путин, како што соопшти Белата куќа, Трамп има намера на маргините на Самитот во јуни да се состане и со кинескиот лидер Си Џинпинг.
За состанокот меѓу Путин и Трамп се огласи и портпаролот на Кремљ Димитри Песков, кој рече дека се уште нема никакви подготовки за средбата на претседателите и дека за тоа прашање не е постигнат никаков договор.
Претходно за можна средба Трамп – Путин соопштија одделни руски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори од Стејт департментот.
Набрзо по ова, се огласи и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков кој рече дека никакво барања за средба со Путин не стасало од Белата куќа на адреса на Кремљ.