Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека „ е ужасно“ тоа што се случува во Америка поради омраза, мислејќи на пукањето во синагогата во Питсбург, во која загинаа осум лица.
Трмп во своето обраќање во воздушната база Ендрус порача дека „насилството мора да престане“ и дека исходот на нападот можеби би бил поинаков ако во синагогата бил присутен вооружен чувар, пренесува АП.
Тој тоа го предложил како „добра идеја“ за сите цркви и синагоги.
Трамп рекол дека сторителите на вакви дела би требало да се казнат со смртна пресуда.
Реагираше и израелскиот министер за дијаспора Нафтали Бенет, кој изјавил дека загрижено ја следи ситуацијата и дека израелското Министерство за дијаспора ќе подготви помош на заедницата на секој можен начин, пренесуваат агенциите.