Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за идејата да ја посети Москва, откако неговиот руски колега Владимир Путин јавно го покани.
– Претседателот Трамп со задоволство ќе го пречека претседателот Путин во Вашингтон на почетокот на следната година и е подготвен да ја посети Москва откако ќе добие и официјална покана, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, прашана за поканата што ја упати Путин.
Американската опозициска Демократска партија и дел од медиумите жестоко реагираа по самитот меѓу Путин и Трамп во Хелсинки, обвинувајќи го Трамп за претерана попустливост кон рускиот претседател, како и за нивна наводна поврзаност во изборната кампања против Хилари Клинтон.
Дури и некои од републиканските политичари го критикуваа Трамп за настапот во Хелсинки.