Трамп е навреден што Макрон бара европска војска

Тоа е многу навредливо, но можеби Европа треба прво да го плати својот праведен дел во НАТО во кој САД во голема мерка го субвенционира, напиша Трамп на Твитер

380

Американскиот претседател Доналд Трамп го оквалификува како „многу навредлив“ предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон дека Европа треба да гради своја армија за да се заштити од САД, Кина и Русија.

– Тоа е многу навредливо, но можеби Европа треба прво да го плати својот праведен дел во НАТО во кој САД во голема мерка го субвенционира, напиша Трамп на Твитер по доаѓањето во Франција каде треба да се состане со францускиот колега за време на одбележување 100-годишнина од завршувањето на Првата светска војна.

Макрон во вторникот изјави дека на Европа и е потребна „вистинска армија“ за да може помалку да биде зависна од САД кога станува збор за одбраната.

– Мора да се заштитиме од Кина, Русија и дури и од САД – изјави Макрон за француски медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...