Трамп е во минус од две до пет милијарди долари откако е претседател

Не постои разлика дали загубив две, пет или помалку милијарди. Не ми е важно. Работам за оваа земја и за луѓето, додаде шефот на американската држава. 

239

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на претседателскиот мандат можел да заработи меѓу две и пет милијарди долари.

– Да сум повторно во таа ситуација би го направил истото бидејќи кому му е грижа, ако можеш тоа да си го дозволиш, тогаш не е важно, истакна Трамп.

Тој бил вознемирен што морал да се откаже од својот план за организирање состанок на врвот на Г7 во своето голф летувалиште во близина на Мајами.

Републиканците и демократите остро го критикуваа неговиот план, а беше обвинет и дека профитира од претседателската функција.

Трамп ја отфрли, како што ја нарекува, „наводната одредба за заработувачка“ во американскиот Устав, со која им се забранува на претседателот и на пратениците да профитираат од своите функции.

Неговите деца презедоа поголем дел од водењето на семејниот бизнис.

– Не постои разлика дали загубив две, пет или помалку милијарди. Не ми е важно. Работам за оваа земја и за луѓето, додаде шефот на американската држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...