Трамп: Едвај чекам да се видам со Ким Џонг-Ун

99

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно го пофали огромен економски потенцијал на Северна Кореја, за помалку од две недели од вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Виетнам.

– Ние веруваме дека Северна Кореја и претседателот Ким имаат огромен потенцијал како економска сила – изјави Трамп за новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека едвај ја чека средбата закажана во Ханој на 27 и 28 февруари. Трамп изјави дека има многу добри односи со лидерот на Северна Кореја.

По неколку месечни вербални провокации, Ким и Трамп ја одржаа првата средба, оценета како историски самит на 12 јуни 2018 година во Сингапур. Ким и Трамп на првиот самит потпишаа декларација за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, но без одреден датум.

Оттогаш не е постигнат напредок, а двете страни поинаку ги толкуваат обврските од потпишаниот текст на кој многумина сметаат дека е нејасен. Аналитичарите се надеваат дека на вториот самит ќе бидат донесени конкретни одлуки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...