Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги, ако постојат

89

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“.

Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз.

-Да, побаравме снимки… доколку постојат, рече Трамп пред новинарите додавајќи дека такви докази „најверојатно“ постојат.

Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост” Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот во Истанбул.

Познат е како критичар на политиката што ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“, што претставува главна платформа на саудиските реформисти.

Во Турција е покрената истрага за неговото исчезнување.з

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...