Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Русија да запре со поддршката на „ѕверствата” на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, пренесе Белата куќа, цитирана од француските медиуми.
Трамп во телефонски разговор со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган ја изрази загриженоста од насилството во северозападната сириска провинција Идлиб и ја повика Русија да престане да ги поддржува ѕверствата на режимот на Асад, информира Белата куќа
Согласно Договорот за деескалација, склучен меѓу Москва и Анкара во 2019 година, Турција има 12 набљудувачки пунктови во провинцијата Идлиб, потсетуваат агенциите.
Но, тензиите меѓу Русија и Турција се засилија по смртта на 14 турски војници, кои беа жртви на нападите на сирискиот режим во овој регион.
Денеска во Москва се очекува да пристигне турска делегација.
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL