Трамп добил „величествено писмо“ од Си Џинпинг

103

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа го поздрави, како што рече, „величественото писмо“ кое го добил од кинескиот колега Си Џинпинг, и додаде дека е направен „огромен напредок“ во трговските преговори меѓу двете земји.

Си во писмото оценува дека трговските односи меѓу САД и Кина влегле во „значајна фаза“ изразувајќи надеж дека двете страни ќе ги продолжат напорите со заемно почитување.

Трамп информира дека американски преговарачки тим на почетокот од месецов ќе престојува во Кина, наведувајќи дека до сега не станало збор за продолжување на „трговското примирје“ кое истекува на 1. март.

Претседателите на САД и Кина на 1. декември се договорија додека траат преговорите за решавање на тргoвскиот спор, односно 90 дена, да запрат со дополнителни зголемувања на царините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...