Трамп го оправдува состанокот на синот со Русите како целосно легален

Тоа, според Трамп, било „целосно легално“ и оти такви работи „постојано се случуваат во политиката“.

87

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот син имал состанок со Руси во 2016 година во Кулата Трамп, за да добие информации за противкандидатот на претседателските избори Хилари Клинтон.

Тоа, според него, било „целосно легално“ и оти такви работи „постојано се случуваат во политиката“.

Трамп претходно зборуваше дека на тој состанок се зборувало за посвојување руски деца.

Трамп ги демантираше преку Твитер наводите на Вашингтон пост и на Си-Ен-Ен дека бил загрижен оти неговиот најстар син Доналд Трамп Помладиот, може да западне во „правни невољи поради состанокот со Руси вклучително и со адвокат со врски во Кремљ“.

Трамп повтори во твитот дека во тоа време не знаел за тој состанок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...