Трамп го исфрли шефот на кабинет бидејќи кашлал за време на интервју (ВИДЕО)

925
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

За време на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за телевизиската мрежа Еј-Би-Си, во еден момент се слушнало кашлање во позадина, поради што првиот човек на САД го прекинал разговорот.


Американскиот претседател беше среде објаснување за неговите даночни проблеми кога се слушнало кашлање од непознат човек.
 Изиритираниот Трамп веднаш го прекинал разговорот и му наредил на тоа лице веднаш да го напушти Овалниот кабинет.

– Тој кашла среде мојот одговор. Тоа не ми се допаѓа. Ако кашлате, ве молам, напуштете ја просторијата – рече претседателот на САД.

Подоцна се дозна дека лицето кое кашлало бил шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвејни.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...