Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Марк Еспер за министер за одбрана, соопшти Белата куќа.
Назначувањето на Еспер, кој го менува в.д. министерот за одбрана Патрик Сенахан треба да биде одобрено од Сенатот.
САД нема министер за одбрана од јануари кога Џејмс Матис поднесе оставка поради политичките разлики со Трамп.
Еспер (55) е поранешно воено лице, кој се борел во Ирак за време на Заливската војна во 1991 година и бил во одбранбената индустрија. Еспер потоа бил во Министерството за одбрана задолжен за копнената армија.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS