Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа се повика на „страдањето” на Севернокорејците во образложението за одлуката за поништување на санкции, кои неговата влада ги воведе „за да го стегне обрачот“ околу Пјонгјанг.
-Во Северна Кореја многу страдаат. Едносвано мислев дека во овој момент не се потребни дополнителни санкции, изјави Трамп.
-Ова не значи дека тоа нема да го сторам подоцна, рече тој, додавајќи дека сака да ги зачува добрите односи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, со кој се сретна во Ханој на крајот на февруари, а самитот заврши неуспешно.
-Во многу добри односи сум со Ким Џонг-ун, се разбираме. Многу важно да се сочува таквиот однос колку што е можно повеќе, рече тој.
Министерството за финансии на САД на 21 март објави дека воведува санкции на две кинески фирми под обвинение дека и покрај меѓународните санкции тргувале со Северна Кореја.
Следниот ден, Трамп на Твитер напиша дека наредил „повлекување” на санкциите.
Поради својот нуклеарен арсенал, Пјонгјанг заработи низа санкции од ОН. Во 2017 година, на предлог на САД, Советот за безбедност едногласно донесе три пакети на санкции, со кои го забрани извозот на железо, јаглен, текстил и риби на Северна Кореја.
2019-03-30 10:38:56, од Ирена Радовановиќ