Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во „одлична форма“ и покрај тоа што медиумите шират лажни вести и се обидуваат да предизвикаат паника на берзите.
Лажните медиуми со низок рејтинг Ем-ес-ди-ен-си и Си-ен-ен даваат се од себе за да го претстават коронавирусот што е можно лошо, вклучително и да создадат паника на берзите, ако можат. Како и некомпетентни колеги демократи, кои не прават ништо друго освен да зборуваат без да преземат акции. САД се во одлична форма, напиша Трамп на Твитер.
Трамп најави дека денеска ќе одржи прес-конференција со претставници на Центaрот за контрола и превенција на болести.
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL