Трамп: Ги напишав одговорите за Русија, но не ги испратив

144

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека напишал одговори на прашањата на специјалниот обвинител Роберт Малер поврзани со истрагата за врските на неговиот изборен штаб од 2016 година со Русија, но се уште не ги доставил.

Трамп на новинарите во Овалниот кабинет им рекол дека оваа недела „многу лесно“ одговорил на прашањата.

– Морате секогаш да бидете внимателни кога одговарате на прашања на луѓе, кои веројатно ги поставуваат со лоши намери. Но, не, рутински одговорив на нив – изјави Трамп во својот последен критички осврт на истрагата, не наведувајќи кога ќе му ги испрати одговорите на Малер.

Специјалниот обвинител навести дека е подготвен да ги прими писмените одговори на Трамп, но адвокатот на претседателот Руди Џулијани во повеќе наврати изјави дека тој нема да одговори на прашањата на Малер во врска со можната опструкција на правдата.

Трамп и натаму тврди дека е невин и оти воопшто не била потребна истрагата на Малер, за која вели дека е само губење на милион долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...