Трамп во ОН се испофали со своите успеси, присутните се смееја

399

Американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на Обединетите нации ги наброја успесите на САД под негово водство , што предизвика смеа меѓу шефовите на државите и делегатите.

Во обраќањето пред лидерите од целиот свет, Трамп рече дека американската економија „цвета како никогаш порано” и дека неговата администрација за помалку од две години постигнала многу повеќе отколку која било претходна.

Американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк рече дека „ракетите од Северна Кореја веќе не летаат на сите страни “ и не се закана за соседите . Тој го пофали и лидерот Ким Џонг Ун и неговите храбри чекори за денуклеаризација.

Минатата година на истото заседание Трамп го нарече Ким „Рокетмен” , но годинава го пофали. Интересно е и тоа што Трамп задоцни за својот говор во Генералното собрание на ОН , поради што опрганизаторите мораа да го менуваат редоследот на говорници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...