Американскиот претседател Доналд Трамп беше во ненадејна посета на Авганистан за да помине време со американските трупи на Денот на благодарноста.
Трамп пристигна во воздухопловната база Баграм околу 8:30 часот по локално време и помина повеќе од два и пол часа.
Пред повеќе од два месецa, американскиот претседател ги прекина мировните преговори со Талибанците, откако во бомбашки напади во Кабул загинаа 12 лица, меѓу кои и еден американски војник.
Претседателот и првата дама Меланија Трамп беа во Ирак минатиот Божиќ. Потпретседателот Мајк Пенс, исто така, ги посети американските трупи во Ирак оваа недела.