Трамп во Велика Британија пречекан со необични пораки – со машки полов орган

Автор на „уметничкото дело“ е ученик Оли Ненкароу (18) од селото Хартфилд Хит  во областа Есекс. Тој нацрта  „Oi Trump“, типичен британски поздрав и машки полов орган.

210
ФОТО: МИА

На американскиот претседател Доналд Трамп, кој од денеска е во посета на Велика Британија, за добредојде му нацртале пенис.

Автор на „уметничкото дело“ е ученик Оли Ненкароу (18) од селото Хартфилд Хит  во областа Есекс. Тој нацрта  „Oi Trump“, типичен британски поздрав и машки полов орган.

Натаму во пораката се истакнува и дека „климатските промени се реалност“, алудирајќи на тоа дека американскиот претседател се откажа од Парискиот договор за климата.

Тинејџерот целиот изминат викенд со тревокосачката ја обликувал својата порака во својот двор, со потполна согласност од неговите родители. Се надева дека Трамп веќе ја прочитал неговата порака при слетувањето.

(ФОТО: МИА)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...