Трамп: Владата нема да работи, ако нема пари за границата со Мексико

Трамп во март упати слични закани залагајќи се за измени на Законот за миграција за кој вели дека ќе го спречи влезот на криминалците во земјата.

232

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја стопира работата на федералната Влада во септември доколку Конгресот не обезбеди повеќе финансиски средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

– Градбата на ѕидот почна, имаме 1,6 милијарди долари. Тоа прашање повторно ќе го разгледаме на 28 септември и ако не ја обезбедиме безбедноста на границата, нема да имаме избор- рече Трамп на собирот во Мичиген.

Трамп во март упати слични закани залагајќи се за измени на Законот за миграција за кој вели дека ќе го спречи влезот на криминалците во земјата.

Во јануари, Владата на кратко ја прекина работата поради миграцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...