Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека на границата со Мексико ако треба ќе се изгради „човечки ѕид“.
@Неверојатен број на луѓе доаѓа од Мексико во надеж дека ќе ја преплави нашата јужна граница. Испративме уште војници. Ако има потреба ќе изградиме и човечки ѕид. Да имаме прав ѕид, не би се случувало тоа#, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот Конгрес одбива да го финансира ѕидот на американско-мексиканската граница, поради што делумно е блокирана работата на федералната Влада.