Марш за одбрана на традиционалното семејство и традиционалните семејни вредности, претпоставува дека некој го напаѓа традиционалното семејство.
Постои ли некаде на светот закон против бракот помеѓу маж и жена? Дали жени кои се решени да се породат се принудени на абортус? Има ли некој закон, нешто политичко, нешто културолошко што на машко му забранува да се земе со женско и обратно, и по своја волја да си направат деца? Постои ли дискриминација или казни, или обични предрасуди против хетеросексуалното семејство, или против мамичките и татичките?
Очигледниот одговор е: НЕ!
Не постои ништо на овој свет што на хетеросексуалното мнозинство му забранува да влегува во брак, во двојка и да прави што кур сака.
Оттука, одбраната на традиционалните семејни вредности и семејство е само хипокризија преку која луѓето ќе си ја оправдаат манифестацијата на отворена омраза – да, да, баш омраза – кон секое однесување или потреба на малцинството.
Сега тие малцинства добиваат поголеми права, и тоа ги полудуе „традиционалистите“, зошто губат моќ и капацитет над животите на другите и над леснотијата со која сакаат да ги уништуваат туѓите животи.
Препотентните полудуваат кога не можат да ја спроведуваат својата препотетност.