ТРАГЕДИЈА ВО ПОРТУГАЛИЈА: Автобус со 50 патници паднал низ брдо во Мадеира, загинаа и туристи

Градоначалникот Фелипе Суса изјави дека 28-те лица кои загинаа во автобуската несреќа на потугалскиот остров Мадеира, се германски државјани. 

568

Автобус кој превезувал повеќе од 50 патници на португалскиот остров Мадеира се превртел и паднал низ брдото. Локалните медиуми јавуваат дека има најмалку 28 загинати, а се стравува дека бројката ќе биде поголема.

Градоначалникот Фелипе Суса изјави дека 28-те лица кои загинаа во автобуската несреќа на потугалскиот остров Мадеира, се германски државјани.

„Немам зборови да го опишам она што се случи. Не можам да се помирам со страдањето на овие луѓе“, изјави Суса, пренесе „Ројтерс“.

Автобусот се излизгал од патот околу 6.30 часот по локално време, во близина на градот Канико на источната страна од островот.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...