Дванаесет годишно девојче ја исече раката во основното училиште Јосиф Панчиќ на Баново брдо во Белград, јавува српски Курир.
Како што известуваат медиумите во Србија девојчето раката ја исекла буквално до коска.
Таа со возило на брза помош била пренесена на Универзитетската детска клиника.
Како што пишуваат медиумите, барем според првите сознанија девојчето случајно се повредила на оградата од училиштето.