„Травијата“ со Сања Керкез и со Благој Нацоски вечерва на Мајски оперски вечери

348

На претпоследниот програмски настан од годинашните Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведена операта „Травијата“ на Џузепе Верди со Сања Керкез од Белград во главната улога, во режија на Верена Штојбер од Германија.

„Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, ремек-дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима“, соопшти  Националната опера и балет.

Покрај Сања Керкез, која ќе настапи во улогата на Виолета Валери, во претставата учествуваат и Благој Нацоски како Алфред Жермон и Грузиецот Отар Накашидзе како Жорж Жермон. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска.

Следен и последен настан на 47. Мајски оперски вечери е „Аида“ на 31 мај. Со оваа популарна Вердиева опера фестивалот и беше отворен на 9 мај. Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, а за втората изведба за затворањето в петок ќе има меѓународна екипа, со Русинката Олга Романко во насловната улога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...