Јапонскиот автомобилски гигант Тојота повлекува повеќе од 1,6 милиони возила во светот поради проблеми со воздушните перничиња, соопшти компанијата.
Најмногу е погодена Европа со 946.000 возила од моделите Авенсис и Корола. Како што соопштија од компанијата Тојота ќе биде заменет системот за активирање на воздушните перничиња.
„Можно е да се дојде до внатрешен краток спој со кој ќе се оштети системот, а во некои случаи може да дојде до деактивирање на воздушните перничиња и системот што овозможува ремените да се блокираат во случај на судир“, се вели во соопштението