Тојота му понуди на Алонсо да вози на Дакар 2020

54
ФОТО: EPA--DIEGO-AZUBEL

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, е во преговори со Тојота за учество на релито Дакар 2020 година.

Тимскиот менаџер на Тојота, Жан-Марк Фортен, верува дека Шпанецот е подготвен во 2020 година да седне зад воланот на нивниот „теренец“.

– Можеме да се обидеме да го сториме тоа со Алонсо. Но, да видиме како ќе поминат преговорите и какви планови има Фернандо. Ние знаеме дека и тој и ние имаме таква желба. Мислам дека ова е реално – изјави Фортен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...