Хип хоп артистот Тони Зен синоќа го промовираше својот шести албум со наслов „Од изворот на изборот“.
– Осумте песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението – рекол тој.
Меѓу присутните гости биле пејачот Виктор Апостоловски, пејачката Дани Димитровска, музичарот и продуцент Мите Димовски, џез музичарот Џоле Максимовски, пејачот и композитор Никола Перевски – Пере од Нокаут, Ранко Петровиќ и други.
Фото: Стефан Рајхл