Том Џонс во Дубровник побарал шампањско старо 17 години

„Дубровачки вјесник“ пишува дека Том од организаторите побарал само винтаж шише „Дом Перињон“ од 2002 година.

264

Светската музичка ѕвезда Том Џонс (79) вчера пристигна во Дубровник. Тој денеска ќе одржи концерт по повод 70 години од Дубровничките летни игри.

Том Џонс во Дубровник доаѓа првпат, а неговиот настап ќе го видат само 1.000 обожаватели, бидејќи толку луѓе можат да застанат пред Дубровничката катедрала на Страдун, каде што ќе се одржи концертот.

„Дубровачки вјесник“ пишува дека Том од организаторите побарал само винтаж шише „Дом Перињон“ од 2002 година. Пејачот наводно немал големи барања ниту во врска со сместувањето.

Том Џонс е добитник на наградата „Греми“ и носител на витешката титуала сер која му ја додели кралицата Елизабета Втора во 2006 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...