Томас Маркл: Хари помири се, јас сум ти тест

411

Томас Маркл, кој не разговарал со неговата ќерка Меган, војвотката од Сасекс, од венчавката со британскиот принц Хари, соопшти дека таа му недостасува, а на неговиот зет му порача да се помири со фактот дека токму тој е неговиот тест.

Томас нагласи дека би сакал неговиот однос со Меган да биде ист каков што бил порано.

– Би сакал да ги оставиме разликите зад нас и повторно да бидеме заедно. Многу ми недостигаш. Имам и една порака за Хари – јас сум ти тест, помири се со тоа – истакна Томас Маркл за британскиот весник „Сан“.

Поранешната американска актерка Меган Маркл во мај се омажи за принцот Хари, а нејзиниот татко стравува дека повеќе никогаш нема да контактира со неа.

На венчавката меѓу Меган и Хари фрлија сенка настаните околу нејзиниот татко, кој објави фотографии снимени во договор со еден папарацо.

Томас Маркл не присуствуваше на венчавката наводно поради операција на срцето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...