Томас Кук „извиси“ 600.000 лица, туристи држени како „заложници“ во хотел (ВИДЕО)

Сите одмори во иднина со компанијата се откажани, со што се променија плановите на еден милион луѓе, а 9.000 лица ризикуваат да останат без работа.

1471
ФОТО: Метро

Околу 600.000 луѓе, вклучувајќи 150.000 Британци, се извисени по падот на Томас Кук. Фирмата за одмори не успеа да ги обезбеди потребните 200 милиони фунти за да го оддржи бизнисот во игра, пренесува „Метро“.

Сите одмори во иднина со компанијата се откажани, со што се променија плановите на еден милион луѓе, а 9.000 лица ризикуваат да останат без работа.

Падот го потврди и Органот за цивилно воздухопловство на Велика Британија, кој бил замолен да помогне луѓе да се вратат дома.

– Сите букирања на Томас Кук, вклучувајќи летови и одмори, се откажани – додаваат оттаму.

Единствено оние со повратен билет букиран за следните две недели, ќе може да добијат бесплатен лет за да се вратат дома, што е можно поблиску до датата на која требало да се вратат првенствено.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...