Непосредно по слетувањето на авионот на хрватскиот аеродром, Тодориќ е одведен во истражниот затвор во Реметинец.
Во затворот му е врачено и судско решение за одредување истражен затвор, на кое има право на жалба.
Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека „во текот на вечерните часови хрватската полиција го спровела 67-годишниот хрватски државјанин од Велика Британија во Република Хрватска, односно во надлежниот затвор“.
Тодориќ замина во Лондон тврдејќи дека е изложен на политички прогон од хрватските власти.
Откако му беше потврдена одлуката за екстрадирање во Хрватска, тој изјави дека е „малку разочаран“, но дека е подготвен за натамошни битки.
Истрагата против Тодориќ беше покрената минатата година поради сомневање дека од „Агрокор“ „извлекол“ повеќе од милијарда куни (1 куна = 0,135 евра).