Ти само пешачи, ХалкБанк ќе засадува дрвја и ќе те награди

На секои реализирани 80 километри како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, ХалкБанк ќе засадува по едно дрво.

197

ХалкБанк со иновативен и интерактивен пристап активно се вклучува во пошумување со засадување дрвја и намалување на емисијата на штетните CO2 гасови. Банката ја разви мобилната апликација HalkEco преку која ќе ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност ќе засадува дрвја. На овој начин заедно ќе придонесуваат за почиста и поздрава животна средина.

– Создавањето на HalkEco апликацијата е пред сѐ мотивирано од потребата за будење на еколошката свест и поттикнување на одговорноста што сите ние ја имаме кон животната околина и квалитетот на воздухот. Овозможува формирање на здрави навики, охрабрува физичка активност и еко свест како индивидуална одговорност за животната средина. Притоа, за возврат се добива многу повеќе. Воедно, апликацијата претставува вложување во иновативни технологии што е уште еден крупен чекор што банката го прави кон дигитализација на своите услуги – потенцираше Атила Селим, Директор на алтернативни канали.

На секои реализирани 80 километри како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, ХалкБанк ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните се одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

– Преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци што ќе ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, банката ќе ги мотивира граѓаните да пешачат или возат велосипед наместо да користат возило или јавен транспорт. Сите ќе може да ја симнат апликацијата и со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет во земјата, ќе добиваат HalkCoins и со тоа ќе освојуваат различни нивоа за кои што следат подароци. Едни од најатрактивните, се финансиските поволности како намалени каматни стапки и надомест за обработка на кредити, бонус поени на кредитни картички, зголемени каматни стапки за депозити, гратис осигурителни полиси, или велосипеди и електрични тротинети. За првите 500 превезмања на апликација, следи и подарок во знак на добредојде – истакна Елена Поцев, директорка на Дирекцијата за управување со депозити.

Во апликација се содржани повеќе елементи чија заедничка цел е намалување на емисијата на штетните гасови и засадување што повеќе дрвја.

– Банката е ЕКО ориентирана и применува бројни еко политики низ годините на своето постоење. Тука се ЕКО продуктите кои се наменети за поддршка на ЕКО оправдани инвестиции; тука е насоченоста кон дигитализацијата и без хартиеното работење; зелените површини во премисите на банката … А оваа апликација е уште еден чекор повеќе кон нашата ЕКО свесност. Како прва еко банка, од денешен аспект сме особено горди на овие резултати кои се одраз на нашата искрена желба да придонесеме за здрава животна средина – дополни Марко Поповски, директор на дирекција за население.

Креирањето и конципирањето на апликацијата е во согласност со стратешката определба на банката и слоганот дека Важни се луѓето и создавање продукти, услуги и вредности соодветно нивните потреби и преференции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...