Чејс Габард (18) од Кентаки имал 11 години кога ја запознал жената на својот живот Џејми Браун (39), мајка на неговиот најдобар пријател. Тие се запознале кога Чејс започнал да се дружи со синот на Џејс.
Со години Чејс и Џејми се дружеле, а во 2013 тој ѝ помогнал да ослабе. Заедно трчале, па за една година таа ослабнала 45 килограми.
Кога Чејс наполнил 18 години, конечно собрал храброст да го направи она што со години го сонувал, ја бакнал мајката на својот најдобар пријател.
– Имам три деца и приоритет ми беше да се уверам дека ним им е во ред тоа што јас сум со Чејс. Кога се сложија, ние продолживме. Чејс ме запроси неколкупати, но јас го одбивав. Меѓутоа сега конечно кажав да и планираме свадба – рекла Џејми.
На улица секојдневно ги сметаат за мајка и син, затоа внимаваат како се однесуваат.
– Се држиме за рака, но се бакнуваме само во образ или во чело, никогаш во уста. Често се случува во продавниците или во рестораните некој да му каже на Чејс да пренесе на „мајка му“, мислејќи на мене, но јас не се оптоварувам со тоа – објаснила Џејми.
Џејми и Чејс сега ја добиваат поддршката од двете семејства, но не било така секогаш.
– Да, на почетокот беше против нашата врска – мислејќи на мајката на Чејс – но сега нè поддржува. Јасно ми е зошто не е најсреќна поради фактот дека нејзиниот син ќе се ожени со жена 20 години постара, но секоја врска е коцкање – додала Џејми.
ФОТО: Принтскрин