Британскиот тинејџер Кејн Гембл (18) е осуден на две годишна казна во поправен дом поради компромитирање на е-маилови и телефонски броеви на високи американски официјални претставници, што судот го опиша како чин на „кибер тероризам“.
Обвинителите наведоа дека во 2015 и 2016 година, Гембл ги измамил контакт центрите за да му откријат информации со помош на кои влегол во налогот на тогашниот заменик-директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Марк Џулијан, тогашниот министер за внатрешна безбедност на САД Џеј Џонсон, тогашниот шеф на американската разузнавачка служба ЦИА Џон Бренон и други официјални претставници.
Обвинителите наведоа дека Гембл, кој припаѓал на групата хакери „Кракувај со став“, објавил некои од информациите на Интернет.
Минатата година тој се изјасни за виновен и кривичниот суд во Лондон денес го осуди да служи казна во поправен дом.
Судијата Чарлс Хедон-Кејв изјави дека „валканата кампања на политички мотивираниот сајбер-тероризам“ на Гембл, им донесе болка на жртвите.