Тинејџер натерал 12-годишничка на орален секс, видеото го праќал на пријатели

306

Поднесена била кривична пријава против средношколец од Ваљево поради обљуба на дете, како и прикажување порнографски материјал и искористување дете за порнографија.

Како што дознава „Курир.рс“, 16-годишник го искористил тоа што 12-годишна ученичка имала симпатии кон него, па откако прифатила да се види со него, тој ја натерал на орален секс.

Жртвата изјавила оти тој се заканувал дека ќе ја повреди нејзината сестра, ако не го задоволи орално. Тинејџерот целиот настан го снимил со мобилен телефон, па му го пратил на другар. Наскоро видеото го имало кај голем број ученици од основно и средно училиште.

Полицијата ја продолжила истрагата против неколку малолетници кои го споделувале видеото од оралниот секс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...