Тинејџерот кој се разнесе во зградата на ФСБ, најверојатно бил анархист

100
ФОТО: МИА

Тинејџерот кој денеска загина откако активира експлозивна направа во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Архангелск бил Михаил Злобицки, ученик во локално техничко училиште, соопшти полициски службеник.

Неколку минути пред експлозијата на профил на анархистичка група бил објавен пост со предупредување дека локалната канцеларија на ФСБ наскоро ќе биде цел на терористички напад. Авторот на пораката го користел името Валеријан Панов.

– Одлучив да го направам тоа затоа што ФСБ се помешала. Тие измислуваат дела и ги мачат луѓето – објаснува тој, додавајќи дека „е многу веројатно оти ќе умре во експлозијата“.

– Ви посакувам блескава иднина на анархистичкиот комунизам – додава авторот.

Во експлозијата беа повредени тројца вработени од локалната канцеларија на ФСБ.

Формирано е кривично дело за терористички напад и незаконско носење на оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...