Руските лекари се борат за животот на 14-годишните близначки Маша и Даша, откако по барање на модна агенција, ослабнале и имале 36 и 40 килограми. Тие завршиле во тридневна кома, пренесува „Курир.рс“.
Девојчињата лежеле во домот и чекале да умрат, бидејќи никој не сакал да им помогне. За среќа, се појавила активистката Марија Кохно.
– Никој не сакаше да им помогне на девојчињата. Нивната мајка одеше од врата до врата, но болниците ја одбиваа. Никој не сакал да се занимава со „живи лешеви“ – изјавила активистката.
Кохно, која и самата порано била манекенка, открила дека модната агенција барала од девојчињата да им се гледаат јагодичните коски. Со тоа, според агенцијата, ќе имале повеќе понуди за фотографирање. Поради тоа прво ослабнале околу пет килограми (имале 50 килограми), јаделе исклучиво до 17 часот и само храна спремена на пареа.
Нивната мајка земала слободни денови од работа и со јадење ги следела по дома, но залудно. Сега нивниот живот е во рацете на лекарите, бидејќи срцето може да им застане во секој миг.
– Маша може да стане, но Даша нема сила ниту главата да ја помести – ги опишала таа.
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм