Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Кога бродот ја спасил, таа била над 1.500 милји далеку од својот град, близу територијата на САД во Гвам.

238

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено море во пловечка колипка, ловејќи риба и пиејќи морска вода што ја цедела со својата облека, пред да биде забележена и спасена од панамскиот брод.

Aлди Aдиланг (19) во јули отишла на риболов, но не забележала дека се оддалечила од брегот во непозната насока. Кога бродот ја спасил, таа била над 1.500 милји далеку од својот град, близу територијата на САД во Гвам.

Тинејџерката преживеала јадејќи сирова риба, и така што со својата облека ја цедела морската вода, за да го намали количеството сол во неа.

Сега девојката е со семејството и успешно закрепнува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...