Тинејџерката Тунберг го преплови Атлантик на еколошка јахта

154

Малолетната шведска активистка за борба против климатските промени Грета Тунберг за две недели го мина Атлантскиот Океан во јахта со нулта емисија стакленички гасови за да присуствува на глобална конференција за глобалното затоплување.

Грета, која има само 16 години, изутринава на социјалните мрежи напиша дека го гледа копното и светлата на Њујорк и Лонг Ајленд пред неа.

Тунберг и нејзиниот екипаж, за време на двонеделното патување се соочиле со бурно море и се очекува попладнево по локално време да пристигнат во Менхетен.

Таа одбива да патува со авион поради емисија на стакленички гасови, а акцијата против климатските промени е главната тема протестите што ги водеше во Шведска, со што ги инспирираше протестите на младите во стотици градови низ целиот свет.

Се очекува таа да одржи говор на самитот на ОН, посветен на климатските промени, што ќе се одржи следниот месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...